Tuesday, December 30, 2014

Македонија

Македонија е суверена, самостојна, демократска држава на Балканот. Иако е континентална земја, има над 50 езера и 16 планини повисоки од 2000 метри. Главен град на државата е Скопје, кој се наоѓа на север.


Државата граничи со Србија на север, Бугарија на исток, Грција на југ, Албанија на запад и Косово на северозапад. Нема излез на море, и има површина од 25,713 километри квадратни.

Знамето на Македонија е црвено и жолто, и претставува сонце. Химната на Македонија е Денес над Македонија се Раѓа.




Поголеми градови во Македонија се Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Тетово...
Познати градови во Македонија се Охрид, Крушево, Скопје, Битола, Струга, Дојран...

Охрид:




Скопје:



Струга:


Дојран:



Вкупниот број на жители во Македонија според пописот од 2002 година е 2 063 122. Има 80 општини, од кои 10 се Скопје. Најнаселена општина е Куманово со 105 484 жители, а најненаселена општина е Вевчани со 2 433 жители. 



Културата игра голема улога во Македонија. Овде се развиени филмот, музиката, спортот...
Познат режисер од Македонија е Милчо Манчевски. Некои од неговите филмови се Прашина, Мајки, Сенки, Пред дождот... Тоше Проески, Калиопи, Леб и сол... Тоа само некои од популарните пеачи во овој предел... Спортот е исто така развиен. Имаме екипи во кошарка, ракомет и фудбал. Некои спортски легенди се Дарко Панчев, Перо Антич, Наумче Мојсовски...